Достапни линкови

Влијание врз светската економија ќе има, сметаат економистите


Ниските каматни стапки во изминативе неколку години, доведоа до масовни земања кредити, кои сега се потешко се враќаат, а ваквата ситуација е најкарактеристична во Соединетите Држави. Милиони американци земаа кредити, главно за купување куќи. Како одговор, централните банки ги зголемија каматните стапки, а на финансиските пазари во светот, нервозните инвеститори реагираа со продавање на акциите. Европската Централна Банка и Америакнските Федерални резерви се обидуваат да избегнат поголеми турбуленции на финансиските пазари со инјектирање големи суми пари. Но, економстот Стивен Хенке, смета дека сепак ќе има последици врз светската економија.

Стивен Хенке, професор по економија на Универзитетот Џонс Хопкинс и колумнист во Форбс, смета дека најнапред може да се очекува забавување на растот на американската економија, пред се поради корекциите на пазарот на хипотеки и на кредитниот пазар. Ќе биде потешко да се земаат кредити, бидејки досега луѓето се задолжуваа повеќе отколку што заработуваа, па оттаму и може да се очекува намалување на потрошувачката и на инвестициите во нови објекти и куќи.

„Со други зборови, тие трошеа повеќе отколку што заработуваа, мораа да се задолжуваат и тоа беше во ред се додека кредитите беа поволни, но сега, кога се заоструваат условите за добивање кредити, ќе мора да се воздржуваат од трошење и од инвестиции.“

Ханке предвидува, како што вели, економска бура, генерирана од проблемите со кредитите и хипотеките во Соединетите Држави, и можни банкнотирања на некои хипотекарни брокери. На кој начин тоа може да се одрази во другите делови од светот, на пример во Источна Европа, Хенке објаснува:

„Мислам дека кредитниот пазар во градежниот сектор во Источна Европа е како воз кој чека што ќе се случи. Главната причина е што источно-европејците позајмуваат пари за хипотеки во деноминирани швајцарски франци. На пример во Унгарија земам кредит во франци, каматите се мали и тоа е добро. Но, проблемот настанува кога кредитните услови се заоструваат и кога и швајцарскиот франк станува посилен, каматите растат, а економијата оди надолу. Па така и унгарците кои земаат плати во форинти, почнуваат да имаат се поголеми проблеми со отплаќање на долговите. “

Ханке додава дека ваквите нестабилни движења на финасиските пазари ја забавуваат и светската економија, а дека се е поврзано наведува и уште еден пример. Ако се намалува стапката на економски раст, ќе има и помали побарувања на нафта и гас, што негативно ќе се одрази и врз Русија, која е еден од најголемите извозници на природни ресурси.
XS
SM
MD
LG