Достапни линкови

logo-print

Подгорица: Црна Гора ќе донира оружје во Авганистан


Црногорската Влада донесла одлука да му донира на Авганистан 1.500 автоматски пушки, 100 пушко-митралези и 250.000 куршуми, кои се издвоени од вишокот оружје на Војската на Црна Гора. Ваквата одлука е во согласност со определбите на Владата низ системот на ОН и евроатланските ингерации да ги поддржи мирот и стабилноста во светот и да придонесе за подигнување на општото ниво на безбедност преку сузбивање на тероризмот и ставање крај на воените судири, се наведува во соопштението на црногорската Влада.
XS
SM
MD
LG