Достапни линкови

logo-print

Багдад: Најмалку 175 загинати во синоќешните бомбашки напади во Ирак


Најмалку 175 лица загинале, а повеќе од 200 биле ранети во синоќешните симултани напади на неколку бомбаши самоубијци во Катанија и Аднанија, во северен Ирак, соопшти ирачката армија. БомбаШите го активирале експлозивот што се наоѓал во нивните камиони. Станува збор за напад со најмногу жртви годинава во оваа земја, чија цел биле припадниците на малцинската секта Јазиди. Засега никој не ја презел одговорноста, а градоначалникот на Синџар, кој е во близина на Катанија, изјавил дека според разузнавачките служби на курдските власти, најверојатно зад нападите стои Ал Каида.
XS
SM
MD
LG