Достапни линкови

Ефтини политички игри, извештајот за судските реформи ќе биде критички, оценуваат експертите


Интеграција на Македонија во Европската Унија и НАТО е најзначен столб на Владата за развој на надворешната политика, во оваа насока зачленувањето во Алијансата и Унијата и спроведувањето на реформите ќе биде примарна цел, вака почнува програмата на Преродба во 100 чекори на актулената Владата. Речиси една година од формирањето на владата, од Брисел постојано се бара завршување на судските реформи. Докомпетирање на судскиот совет, измените на јавното обвинителство, измени на кривичниот законик, се дел од клучните закони сеуште не донесени, поради што е блокиран целиот процес на имплементација на останатите закони во судството. Јули, беше оптимистичкиот рок што премиерот Груевски го најави за надминување на разликите и завршување на реформите во судството. Но, по последните лидерски средби за судските реформи одржани на почетокот од летото, во јуни, засега нема најава за нови средби. Блокирани ли се реформите во судството? Министерот за правда Михајло Маневски повторно ја префрла вината ја префрла кај опозицијата:

„Не треба да се кочат судските реформи со поставување на политички барања, кога се однесува за консистуирање на судскиот совет. Во тие структури очигледно не им одговара да се конституира судскиот совет.“

Домашната експертска јавност пак предупредува дека многу веројатно е дека претстојните извештаи од ЕУ и НАТО ќе бидат критички во однос на застојот на реформите во судството:

„Очекувам дека извештајот во септември ќе биде прилично критичен, дека во тие клучни свери кои што тие ги очекуваат не се поместени работите. А не се поместени бидејќи претпостатувавам Владата терајќи да ја оствари својата програма и агенда, ги запостави овие прашања. Имаме дисонанца меѓу она што македонската јавност очекува и сака и она што ЕУ сака и исто така очекува,“

Истакнува професорот Ило Трајковски. На исто мислење е и аналитичарот Мерсел Биљали. Одговорноста е кај владата, вели тој, но од реформите не е амнестирана и опозицијата.

„Има своевидно запирање на реформите. Од причина што сепак таа релација дијалог власт-опозиција се рефлектира,“

посочува Биљали. Во меѓувреме се отргнува ли вниманието на јавноста заради неисполнетите реформи, со се почестите најави за радикализација на состојбите во државата ? Биљали со коментар:

„По редот на нештата таму кај што има најмногу галама, има најмалку работа. Се работи за жал за една политичка игра која што е многу ефтина,“

забележува Биљали.
XS
SM
MD
LG