Достапни линкови

Пјонгјанг: Најмалку 200 луѓе загинале во поплави


Најмалку двесте луѓе загинале или исчезнале во поплавите во Северна Кореа. Поројните дождови, како што јавуваат агенциите, повикувајќи се на Меѓународниот Црвен крст, уништиле триесет илјади куќи, како и некои главни мостови и железнички линии. Се оценува дека овие поплави во Северна Кореа биле најтешки во изминативе десет години.
XS
SM
MD
LG