Достапни линкови

Експертите сугерираат државно одбележување


Шест годинишнината од потпишувањето на рамковниот договор денеска ке ја одбележи само Демократската Унија за интеграција. Свеченоста вечер ке се одржи во гостиварскиот хотел Игнација. Од владата само кратко велат дека ке продолжат да ја одбележуваат годишнината како што таа се одбележувала и досега. Но еден од креаторите на охридскиот договор професорот Владо Поповски кој е актуелен советник на премиерот Груевски вели дека рамковниот е основата за сигурна егзистенција и перспектива на државата и поради тоа треба да биде одбележан соодветно и достоинствено

„Во таа смисла да се донесе решение од надлежната власт. Нема смисла јас да изигрувам улога на субјект кој ќе сугерира такво решение, мислам дека таа власт додека смета дека тоа не е толку важно да го одбележи самата го носи товарот, а тој ден кога ќе реши да го одбележи на повисоко ниво ќе наиде на се поширока поддршка меѓу граѓаните.“

Значајноста на договорот со кој се стави крај на еден конфликт ке ја покаже времето, оценува директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепрганов

„Низ историјата сите договори кои се потпишани до денеска, државите на коишто нешто им значат ги чевствуваат. Нема договор кој не се чествува за држава за која тој е во ред. А, факт е завршен е конфликт, заврши нешто што означи крај на еден судир, сега се зависи од државата.“

вели Чепрганов и додава дека беа разлика која политичка гарнитура е на власт чествувањето на празниците треба да остане исто

„Работата е сега мислам дали како што ни се случува чевствувањата ќе бидат партиски или нема да зависат од нив.“

Кога се носеше новиот закон за државни празници пак пратеничката група на ДУИ побара денот на потпишувањето на рамковниот договор да биде државен празник но нивниот предлог не беше прифатен од страна на мнозинството пратеници. Инаку значајноста на договорот и неговата имплементација на нашиот пат кон евро атланските интеграции често ја истакнуваат странските претсавници. Оценката на амбасадорот на Соединетите Американски Држави Џилијан Милованович е дека државава постигнала голем напредок од 2001 година односно во усвојувањето но и во тековната имплемнтација на договорот.
XS
SM
MD
LG