Достапни линкови

Две третини од ново заразените меѓу 20 и 39 години


Бројот на заболени од сида во државава во последно време драстично се зголемува,предупредува доктор Весна Велиќ Стефановска,национален координатор за ХИВ и СИДА.Таа посочува дека повеке од две третини од ново инфицираните се мажи и дека хетеросексуалната трансмисија се забележува како доминатен начин за пренесување на ХИВ инфекцијата.

„Во јуни 2007 вкупниот број на лица инфицирани и болни од СИДА изнесува 101, во однос на крајот на минатата година, има многу инфицирани болни од СИДА, инфицирани во Република Македонија. Две треетини од пријавени случаи во 2007 се млади луѓе на возраст од 20 – 39 години,“

вели Стефановска и додава дека степенот на личната заштита каква што ја спроведуваат граѓаните,не ја задоволува експозицијата на ризик од инфицирање на ХИВ. Според Стефановска, луѓето кои се заразени од оваа болест сеуште не се прифатени во социјалниот живот.

„Нивната спремност за прифаќањето на овие лица во секојдневното социјално живеење, во работењето во секојдневниот контакт е сеуште нешто стигматизирано.“

Од Здружението за здраствена едукација и унапредување на здравјето МИА велат дека засега Македонија располага со доволна количина на лекови потребни за лицата кој што се со ХИВ инфекција и оние кој што се болни од СИДА. Кети Едровска Исајловска психолог и член на здружението МИА вели дека интересот помеѓу младите и целата популација е се поголем, особено за превентивните активности од оваа болест.

„Имаме постојани јавувања, лични доаѓања во организацијата. Воглавно прашањата се како да се заштитат и во случај на евентуално сомневање за зараза, каде да се обратат и да ги направат тестовите за ХИВ СИДА,“

вели Исајловска и додава дека во соработка со Клиниката за инфективни болести успеале во сите здраствени установи во државава да ги воведат тестовите за ХИВ/СИДА кои се бесплатни.

„За лекување, советување, ангажирана е Клиниката за инфективни болести, така што во голема мера се придонесе за превенција и лекување на болеста во нашата земја.“

Инаку, во светот се регистрирани 46 милиони случаи на ХИВ/СИДА, а 800.000 од нив се деца. Во Македонија досега од оваа неизлечива болест починати се 53 лица.
XS
SM
MD
LG