Достапни линкови

logo-print

Белград: Преговарачката тројка за Косово на разговори со српскиот државен врв


Преговарачката тројка за идниот статус на Косово денеска во Белград ќе разговараат со државниот врв на Србија за новата рунда преговори за идниот косовски статус. Од Белград, тројката во која се претставници на Соединетите Држави, Европската Унија и Русија, ќе замине за Приштина. Според косовските медиуми, на вчерашниот состанок на посредничката тројка во Лондон било договорено да се воспостави методологијата на преговорите и да се направи последен обид за доближување на ставовите меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG