Достапни линкови

Вашингтон: Пакистан да преземе акции против терористите, побара Џорџ Буш


Американскиот претседател Џорџ Буш побара од Пакистан да превземе акции против терористите кои дејствуваат на пакистанска територија и да бидат одржани фер и демократски избори во таа земја. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф го одби барањето за воведување вонредна состојба во земјата, иако се соочува со растечки насилства и внатрешни политички проблеми. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, како што јавуваат агенциите, телефонски разговарала со Мушараф за можностите за надминување на кризата.
XS
SM
MD
LG