Достапни линкови

Државата ќе мора да ги помогне граѓаните преку разни механизми на социјалната политика


Најавите за поскапување на лебот, месото и млечните производи дополнително ќе го оптовари семејниот буџет, се жалат граѓаните. Основните животни потреби мора да се задоволат, па веројатно ќе се скратиме од некои други задоволства, велат повеќето граѓани. Без месо се може, но тешко на оние семејства кои купуваат по три леба дневно, велат некои од анкетираните:

„Страшно е, некој купува по три леба.“

„Не стигнува за месо, само леб и такви некои производи.“

„Неможе да купуваме. Ќе мора од нешто друго да се скрати.“


Евентуалното поскапување на лебот за 20 насто, што повлекува зголемување на цените и на другите производи најмногу ќе ги погоди граѓаните кои имаат најниски примања, посочува економскиот аналитичар Јован Пејковски:

„Државата треба да ги согледа механизмите преку она што значи социјална политика и социјална сигурност, да го помага граѓанинот преку пораст на паричните дотации посебно на оние граѓани кои што и сега се корисници на некој вид социјална подршка.“

Според тоа колкав ќе биде процентот на пораст на прехрамбените производи, ќе зависи и колкаво ќе биде неговото влијание врз македонскиот стандард, посочува Пејковски. Според него државата може да интервенира на ваквиот бран поскапувања, но со ограничени можности:

„Може да помогне во одреден дел и одреден период за вакви промени кои што се резултат на одредени промени, посебно временски, климатски, раст на цените на енергенсите и ќе мора да се бара решение преку зголемување на продуктивноста, ефективноста во работењето... Значи преку други механизми преку кои се унапредува квалитетот на работењето.“

Дека стандардот на македонските граѓани е низок, покажуваат и последните анализи на одделот за статистика при Европската комисија. Според нив Македонија е на дното на земји со најнизок просек на плати во Европа. Просечната плата во земјава изнесува 231 евро, сума што според повеќето граѓани не е доволна за задоволување на основните животни потреби.
XS
SM
MD
LG