Достапни линкови

Белград: Посета на преговарачката тројка за статусот на Косово


Преговарачката тројка за статусот на Косово денеска ќе допатува во Белград каде што ќе се сретне со највисоките државни претставници, претседателот Борист тадиќ и премиерот Воислав Коштуница. Преговарачката тројка ја сочинуваат рускиот претставник Александар Харченко, американскиот пратеник за Косово Френк Визнер и претставникот на ЕУ Волфганг Ишингер. По овие средби тројката ќе ја посети и Приштина. На ова му претходеше средбата на тројцата преговарачи со контакт групата во Лондон.
XS
SM
MD
LG