Достапни линкови

ЈАТ и рударскиот комплекс Бор на врвот на листата


Пред извесно време српскиот премиер Воислав Коштуница се состана со најбогатиот русин Олег Делипаска кој е заинтересиран за купување на рударскиот басен Бор, а неколку денови потоа Коштуница разговараше и со генералниот директор на Аерофлот Валериј Окулов чија компанија е заинтересирана за ЈАТ. Главниот уредник на весникот Економист Мијат Лакичевиќ вели дека средбите меѓу политичарите и бизнисмените не се ништо необично, но оти таквите средби во Србија можат да значат и фаворизирање на некои инвеститори:

„Имам впечаток дека тука има многу селективност и оти се прима оној на кој се сака нешто да му се даде. Ми пречи тоа што некои договори се прават надвор од јавноста.“

Вкупните руски инвестиции во Србија во изминативе шест години се над четиристотини милиони долари. Економистите велат дека тоа е ниско ниво, а експертот за руски прашања Мирослав Јовановиќ оценува дека присуството на руски капитал во Србија е многу помало од другите земји во регионот.

„Русија е многу помалку присутна во стопанството на Србија, отколку што е, например во стопанството на Црна Гора или во некои други земји во регионот.“

Од руските компании, присутни во Србија, најголема е Лукоил која го купи мнозинскиот пакет на Беопетрол. Интерес постои и за многу други фирми. Но, за Мијат Лакичевиќ проблемот не во тоа, туку во начинот на кој тие компании досега работеле во Србија:

„Го имаме случајот со Лукоил кој го купи Беопетрол и колку што знам од почетокот не оди како што треба . Постојано има некои проблеми. Се бунат и русит, но и вработените таму бидејќи не го исполниле тоа што им било ветено.“

Сепак, многумина веруваат дека срдечното добредојде на рсуките комапнии е резултат од подготвеноста на Русија да ги брани српските интереси во случајот со Косово.

„Би рекол дека Русија едноставно го користи прашањето со Косово за да ја зацврсти својата дипломатска позиција и повторно да се наметне во регионот.“

вели Мирослав Јовановиќ.
XS
SM
MD
LG