Достапни линкови

logo-print

Лондон: Состанок на претставниците на Контакт групата


Во Лондон денеска ќе се одржи состанок на претставниците на Контакт Групата и посредниците на тројката за Косово, на кој ке биде разгледан натамошниот процес на решавање на статусот на покраината. Состанокот во Лондон се одржува на ниво на политичките директори, а на него ке присуствуваат и претставници на тројката САД-ЕУ-Русија. Тројката за Косово по состанокот во Лондон ќе отпатува во Белград, а во сабота ќе ја посети Приштина.
XS
SM
MD
LG