Достапни линкови

Скопје: Генералот Стамболиски и Петковски ќе се бранат од слобода


Одбраната на генералот Методиј Стамболиски и на управителот на МЗТ, Митре Петковски , обвинети за проневера во случајот со армиските тенкови Т-55, доби позитивен одговор на барањето за пуштање на нивните клиенти да се бранат од слобода. Двајцата ќе бидат ослободени од притвор утре, по приложување на паричен надоместок или имотен залог, услов кој што го предвиде судијката Катица Јовановска. Адвокатите на Стамболиски и Петковски ваквото барање до Советот при Кривичниот суд го поднесоа пред два дена, откако претходно, првоосомничениот во случајот, Владо Бучковски, беше пуштен да се брани од слобода.
XS
SM
MD
LG