Достапни линкови

Зацврстување на империјата на Мардок


Њуз Корпорацијата на медиумскиот магнат Руперт Мардок го превзема американскиот медиумски гигант, издавачката фирма Доу Џонс, која е најпозната по издавањето на престижниот Вол Стрит Журнал. За ова Мардок обезбеди 5,6 милијарди долари со кои се превземаат 65 проценти од акциите на компанијата. При купувањето не беа толку важни парите колку поддршката на фамилијата Бенкрофт која повеке од 100 години управува со фирмата Доу Џонс и која поседуваше 64 проценти од вкупната бројка на акции.

Со стекнувањето на Вол Стрит Журнал медиумскиот магнат Руперт Марок го исполнува својот сон. Станува збор за весник кој го читаат бизнисмени од Соединетите држави и целиот свет, и чии анализи можат да го раздвижат пазарот и да влијаат на мокните елити. Договорот склучен во Њујорк му овозможува контрола на мардок во компанијата Доу Џонс, издавач на Вол Стрит Журнал.
Портер Биб медиумски аналитичар вели

„Тој го сакаше Вол Стри Журнал со години. Пред 11 години и потоа повторно пред околу девет години тој даде понуди на Доу Џонс и беше одбиен. Ова е многу важно за неговата кариера како медиумски магнат, тоа го посакуваше одамна.“

Но, постигнувањето на договорот не се одвиваше лесно. Двајца директори дадоа оставки, бидејки се противеа на превземање на весникот од Мардок. Некои членови на фамилијата Бенкрофт изразуваа загриженост за интегритетот на весникот и независноста. И сето тоа затоа што Мардок и покрај тоа што води во овој бизнис, никогаш не доби целосна доверба. Од првите денови во бизнисот во Сиднеј и Лондон продаваше сензационалистички весници, подоцна исто и во Соединетите држави. Денеска работите се менувуваат, но многу нешта ке треба и да ги докаже. Аналитичарот Биб вели дека Мардок играл итро за да го добие весникот

„Руперт Мардок во основа ја стави својата понуда на маса, повлече чекор назад и изигра прекрасна победничка партија покер. Не направи ништо со што ке им се спротивстави на сопствениците на акции. Прифати повеке или помалку независен уреднички тим, што беше главна грижа на оние кои го поседуваат весникот“

Сега седумдесет и шест годишниот Мардок ја зацврсти својата мок, поседува различни медиуми. Сега се интересира за телевизиски станици во Бугарија, Романија, Србија, Грузија, Полска и Турција. Во Кина ја поседува Стар компанијата која е една од водечките во Азија. Приходите на неговата фирма минатата година изнесуваа 52 милјарди долари.
XS
SM
MD
LG