Достапни линкови

Прешево: Три лица убиени во два одвоени инциденти на југот од Србија


Три лица биле убиени синоќа во два одвоени инциденти на југот од Србија, јави денеска српските медиуми. Браќата Скендер и Арбурим Ајдини се убиени пред едно кафуле во Прешево, кога врз нив бил отворен оган од возило во движење. Полицијата засега нема информации за причините и мотивите за тој напад. Изутринта пак, српската полиција во Бујановачка Бања го пронашла телото на Саљими Џемаиловиќ, кој бил застрелан со повеќе куршуми. Полицијата уапси едно лице под сомнение дека е сторител на убиството.
XS
SM
MD
LG