Достапни линкови

logo-print

Карпалак: Шестгодишнина од загинувањето на прилепските армиски резервисти


Делегации на Министерството за одбрана, на АРМ и на општина Прилеп, изутрината кај месноста Карпалак, на автопатот Тетово, Скопје, со положување венци ја одбележаа шестгодишнината од загинувањето на десетте прилепски армиски резервисти за време на конфликот во две илјади и првата година. На Карпалак почит на загинатите им оддадоа и нивни роднини, како и резервистите кои ја преживеаја заседата. Почит на загинатите денеска напладне ќе им биде оддадена и пред нивниот заеднички спомен белег во центарот на Прилеп. Во чест на загинатите бранители пригодно ќе биде откриена плоча во центарот на градот со што се официјализира и преименувањето на тринаесет улици во Прилеп. Десет ги носат имињата на загинатите, а уште три улици ќе се преименуваат во Прилепски бранители, Бранители на Македонија и една улица се именува по месноста Карпалак каде што се случи крвавиот настан.
XS
SM
MD
LG