Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Амнести Интернешнл ја повика Кина да преземат мерки за кршењето на човековите права


Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнел ги повика властите во Пекинг да преземат итни мерки за престанување на кршењето на човековите права во Кина, затоа што во спротивно ќе биде создадена лоша слика спроти Олимписките игри идната година. Во извештајот се наведува дека кинеската полиција се почесто самоволно притворува луѓе за да го исчисти Пекинг пред игрите. Многу борци за човековите права се наоѓаат во куќен притвор и под строга полициска контрола, се вели во извештајот на Амнести Интернешнел за Кина.
XS
SM
MD
LG