Достапни линкови

logo-print

Тирана: Статусот на Косово треба да се реши што поскоро, Албанија ја поддржува Приштина


Новиот претседател на Албанија Бамир Топи изјави деја прашањето за статусот на Косово треба да се реши што побрзо и оти албанските институции ги поддржуваат ставовите на Приштина. Во разговорот што го имал вчера во тирана со неговиот косовски колега Фатмир Сејдиу, Топи оценил дека за тоа е потребна поддршка од меѓународните фактори. Сејдиу, пак, нагласил дека во натамошниот тек на процесот не може да се преговара за независноста на Косово и за зачувување на неговиот територијален интегритет.
XS
SM
MD
LG