Достапни линкови

Седница на Собранието на 16 август за имунитетот на Бучковски


Македонското Собрание на 16 август ќе одржи седница на која ќе треба да ја потврди или отфрли одлуката на Комисијата за мандатно имунитетни прашања која му го одзеде имунитетот на пратеникот Владо Бучковски. Ова е резултат од денешната средба на претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски со пратениците на СДСМ, за кои одлуката на Комисијата да се дозволи притвор за поранешниот македонски премиер е невалидна. Истражен судија во петокот одлучи да не му определи притвор на Бучковски, кој се сомничи дека во времето кога бил министер за одбрана во 2001 ја злоупотребил службената положба при исплата за резервни делови за армиски тенкови, донација од Бугарија, со што и нанел штета на државата од околу 3 милиони евра.
XS
SM
MD
LG