Достапни линкови

Багдад: Најмалку 20 загинати во напад на бомбаш самоубиец


Најмалку 20 лица загинаа кога бомбаш самоубиец со камион експлодира во шиитска населба во Тал Афар на северот на Ирак, соопшти полицијата. Од поставена бомба на патот пак загинаа 9 ирачани во јужно предградие на Багдад. Во мегувреме, експерти на Ирак, Соединетите Држави и Иран во Багдад дискутираат за безбедносната состојба во Ирак. Според ирански извори, денешните раговори се фокусирале врз составот и мандатот на три партитниот безбедносен комитет. Според Пентагон од друга страна речиси половината од оружјето со кое се снабдени ирачките сили исчезнало. Станува збор за 200 илјади парчиња лесно оружјке и 135 илјади шлемови и друга опрема.
XS
SM
MD
LG