Достапни линкови

logo-print

Претстојните преговори за Косово нема да донесат позначаен резултат


Претстојните преговори меѓу Белград и Приштина за идниот статус на Косово нема да донесат позначаен резултат, смета професорот по меѓународни односи на Џорџтаун Универзитот во Вашингтон Чарлс Капчан. Сепак, според него, можно е извесно попуштање од страна на Русија во врска со ова прашање.

Претстојните преговори меѓу Белград и Приштина со посредство на тројката на Контакт групата, како што вели професор Чарлс Капчан, би можело да оди кон две насоки. Првата е да се увери рускиот претседател Владимир Путин да престане да се заканува со вето, а другата е да се види што да се прави доколку дојде до еднострано прогласување на независноста на Косово.

„Мислам дека Русија на крајот сепак ќе попушти и оти нема да го користи правото на вето. Москва нема директен и моментален интерес спрема Косово, но очигледно е заинтересирана да ги диктира односите на меѓународната сцена. Нема дилеми дека сака да внесе раздор во Европската Унија и да ги затегне односите со Соединетите држави. Лично не мислам дека е можно Србија да влезе во руската орбита, бидејќи таа веќе оди кон НАТО и Европската Унија. “

Вели Капчан, прецизирајќи дека во случајот Русија повеќе покажува мускули отколку што има некоја стратегија со цел да ја привлече Србија врз основа на некакво пансловенско или пан православно единство. Во врска со евентуалното еднострано прогласување на косовската независност и можноста Србија да употреби и воена сила со цел да го зачува својот територијален интегритет професор Капчан оценува:

„Тешко ми е да замислам дека Србија, односно владата во Белград би била подготвена да употреби сила како одговор на декларацијата за прогласување независност на Косово. Поверојатно е на таков чекор да се решат паравоени групи на северот на Косово. Таквата можност мора да ги ја загрижи меѓународната заедница. Но истовремено, насилството можат да го поттикнат и косовските албанци кои се разочарани од постојаното одлагање на независноста.“

Професор Чарлс Капчан, додавајќи дека сега е главно да се бара одговор на прашањето дали европските држави кои сега ја поддржуваат независноста на Косово ќе се двоумат тоа да го сторат доколку биде заобиколен легитимитеот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, односно доколку таму не биде донесена нова резолуција за идниот косовски статус.
XS
SM
MD
LG