Достапни линкови

Инцидентот кај Гошинце не треба да се потценува, предупредуваат експертите


Македонската полиција сеуште нема детали околу мотивите или идентитетот на лицата кои го предизвикаа инцидентот на македонско – косовската граница, отворајќи оган кон полицисјката станица Гошинце. Непознати лица со пешадиско орушје стрелале кон станицата а во исто време на стотина метри до станицата се слишнале неколку детонации предизвикани од рачни бомба. Портпаролот на македонската полиција вели дека не може да се каже дали станува збор за организиран чин или само за револт предизвикан од пресечени шверцески канали, но исклучува секакви индиции кои би наведувале кон загрозување на безбедноста.

„За некакви раздвижувања или дестабилизација на северниот дел на границата кон Косово, за сега не може да стане збор, затоа што за сега состојбат атмау е стабилна , се е под контрола, полицијата засилено патролира како и во изминатиот период, така што за сега, нема никаква опасност по безбедноста на Репулбика Македонија.“

Професорот Јован Спасевски изворот на инцидентите го лоцира во екстремните сили мна кои не им одговара меѓународната тенденција да се стабилизира балканост, па оттука и не ги омаловажува како закани по безбедноста како што тоа според него го прават институциите на државата.

„Ние мислам дека минуваме преку тие закани површно, непродлабочено и можеме да ги охрабриме тие што се закануваат да преземаат екстремни мерки.“

Професорот Стафан Буџаковски на инцидентот гледа како на предупредување од косовска страна во пресрет на решавањето на финалниот статус на косово и како на форма на такво предупредување наспроти политичките предупредувања што српските политичари истовремено ги испраќаат.

„Ова повеќе може да личи на предупредување, посебно во збиднувањата на меѓународен план, посебно во односите со Косово. Од една страна, Србија не предупреди со политички средства, а овие со оружје.“

УНМИК на Косово пред два дена заплени поголема количина оружје за која рече дека доаѓа од македонска страна. Портпаролот на косовската полиција Ветон Елшани за радио слободна европа ги повтори овие првични сознанија на истрагата додавајќи дека според нив оружјето било наменето за Косово и за друга соседна земја.

„Веруваме дека повеќето од ова оружје дошло од македонска страна.“

изјави Елшани.
XS
SM
MD
LG