Достапни линкови

logo-print

Брисел: Шумските пожари во Јужна Европа најлоши до сега


Шумските пожари што во текот на минатиот месец ја зафатија Јужна Европа беа најлошите досега, оцени Европската комисија, прецизирајќи дека од кога се бележат податоците за огнените стихии никогаш не биле уништени повеќе шуми како оваа година. Оганот само во јули проголта над три илјади и триста квадратни километри шуми, скоро исто колку целата година лани, се наведува во извештајот во кој се додава дека најтешко биле погодени Грција, Бугарија, Хрватска и Италија. Комисијата предлага формирање европски сили за брза реакции во случај на пожари.
XS
SM
MD
LG