Достапни линкови

Сегашната статус кво ситуација на Косово е неодржлива и во ничиј интерес


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун се надева дека претстојните перговори за идниот статус на Косово ќе доведе до спогодба меѓу Белград и Приштина. Сегашната статус кво ситуација е неодржлива и не е во ничиј интерес, смета Бан Ки Мун. Со ова, односно дека е потребно што поскоро да се разјасни идниот статус се согласуваат и албанската и српската страна.

Меѓународната заедница мора да најде правовремено решение кое ќе биде во интерес на сите национални заедници на Косово, смета генералниот секератр на Обединетите Нации Бан Ки Мун во врска со новите преговори што ќе ги води тројката од Контакт групата: Френк Визнер од Соединетите Држави, Александар Боцан Харченко и Волфганг Ишингер од Европската Унија. Од сто и дваесет дневните преговори, кои според еврокомесарот Хавиер Солана, би почнале во средината на месецов и албанската и српската страна очекуваат да доведат до разјаснување на ситуацијата, но секој тоа го гледа, тргнувајќи од своите цели. Јакуп Красниќи од опозиционата Демократска партија смета дека косовската страна се уште не знае за што ќе стане збор на тие преговори.

„Прегоравачкиот тим или оние што ќе ја преземат одговорноста за разговорите со српската страна треба да бидат подготвени за донесување одлуки. Косовската делегација треба да има храброст да издејствува резултат кој им е потребен на Косово и неговите граѓани.“

Вели Красниќи. И претставникот на косовските срби во белградскиот преговарачки тим Горан Богдановиќ вели дека ни српската страна се уште не била запозната со тоа за како вид преговарачки процес станува збор.

„Сакаме тие разговори да почнат што поскоро за да не губиме време. Статус кво ситуацијата не му одговара на никој, а најмалку на српската заедница. Ние сме за компромис меѓу албанците и србите.“

Оценува Богдановиќ. Инаку, некои политички аналитичари, како Шкељзен Малиќи, сметаат дека новите разговори нема да донесат никакви конкретни резултати и оти уште еднаш ќе се покаже дека нема компромис за прашањето за статусот.

„Ова е купување време и уште еднаш намера да им се докаже на Русија и на Србија дека не е можен суштински компромис околу косовското прашање. Затоа може и да дојде до коригирање на предлозите во планот на Ахтисари.“

Вели Малиќи, додавајќи дека косовските политичари, без оглед на поддршката од американската админситарција, треба да бидат подготвени за нови предлози во текот на претстојните преговори.
XS
SM
MD
LG