Достапни линкови

Скопје: ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ НАЧАЛНИК НА ГШ НА АРМ МЕТОДИ СТАМБОЛИСКИ


Министерството за внатрешни работи пред околу еден час го повика на информативен разговор поранешниот началник на Генералштабот на АРМ генерал Методи Стамболиски, по што е предаден на истражен судија во Основниот суд 1 во Скопје. Како што за МИА потврди портпаролот на МВР Иво Котевски, Стамболиски е приведен под основано сомнение за злоупотреба на службената должност и овластување. Стамболиски е осомничен за проневера со резервни делови за тенковите Т-55 кои во крајот на 2001 година беа набавени од Република Бугарија. Од МВР соопштуваат дека тогашниот началник на Генералштабот на АРМ изготвил барање за набавка на резервни делови за тенковите во вредност од околу 500 илјади евра, а потпишал договор со Фабриката Металски Завод Тито сектор СОП, во вредност од околу 2,5 милиони евра.
XS
SM
MD
LG