Достапни линкови

Внимавајте на храната што содржи протеини, предупредуваат лекарите


Иако нема драстично зголемување на бројот на пациенти кои се хоспитализирани во инфективната клиника оттаму велат дека една третина од нив боледуваат од одреден тип на цревна инфекција. Поради зголемената појава на бактерии и вируси кои предизвикуваат разни инфекции, во овој период од годината внимавајте на храната што ја консумирате,предупредуваат лекарите.

„Вирусите обично знаат да дадат црвена манифестација, се манифестираат со повраќања, проливи. Но, покрај вирусите, имаме и вактериски предизвикувачи на болести, како салмонелата,“

вели др. Жаклина Шопова, од клиниката за инфективни болести

Постојат неколку начини за заштита од појавата на цревни инфекции.
Одбегнувајте храна што е мрсна, директно изложена на сончева топлина и богата со протеини, посочува др. Шопова

„Да се избегнува храна што содржи протеини, јајцата, кремовите, мајонези, меса кои не се свежо приготвени. Овошје и зеленчукот да се мијат и нормално луѓето кои работат со храна да имаат санитарен преглед.“

Граѓаните кои ги прашавме велат дека внимаваат како се исхрануваат. Сепак, некои од нив признаваат оти дури откако ќе го отворат производот, забележуваат дека рокот на употреба поминал.

„Во продавница не ми текнува, ама дома гледам.“
„Пиеме течност, супи.“
„Овошје, течности, пиперки, домати.“


Лекарите предупредуваат дека по консумирање на сомнителна храна во рок од шест до осум часа можна е појава на повраќање или зголемена телесна температура и доколку не се реагира навремено последиците од цревните инфеции можат да бидат фатални.
XS
SM
MD
LG