Достапни линкови

Анкара: Војската сака идниот претседател на Турција да ги поддржува секуларните вредности


Началникот на Генералштабот на турската армија Јашар Бујуканит изјави дека војската сака идниот претседател на земјата да ги поддржува секуларните вредности. Ова е прв армиски коментар откако Партијата на правдата и развојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган победи на парламентарните избори на 22 јули. Изборите се одржаа предвреме бидејќи секуларните партии кои ја имаат поддршката на армијата го блокираа изборот на министерот за надворешни работи Абдула Ѓул за претседател на државата. Турскиот парламент треба да се состане во сабота, а прво прашање ќе биде изборот на наследник на шефот на државата Ахмет Неждет Сезер.
XS
SM
MD
LG