Достапни линкови

logo-print

Лондон: Независност за Косово во замена за кандидатски статус за ЕУ на Србија?


Словенија за време на своето претседавање со Европската унија следната година, ќе се обиде да ја наговори Србија да се согласи на независност на Косово во замена за кандидатски статус за членство во Унијата, пишува лондонски „Фајненшл тајмс“. Според лондонскиот весник, напорите за зацврстување на регионалниот мир имаат потреба за нов почеток, затоа што, Европската унија се бори за да се спречи поделбата на Босна и Херцеговина, да се надмине „меѓуетничкиот политички застој“ во Македонија, како и да го обезбеди статусот на Косово.
XS
SM
MD
LG