Достапни линкови

logo-print

Арапска поддршка за владата на Ирак


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и секретарот за одбрана Роберт Гејтс на Блискот исток, во барање арапска подршка за владата на Ирак и продажба на оружје на регионалните сојузници. Тие се во заедничка посета на Египет и Саудиска Арабија, а потоа секој на своја страна во регионот.

Египетското одморалиште Шарм ел Шеик е првата станица на американските секретари за надворешни работи и одбрана Рајс и Гејтс каде што е средбата со министрите за соработка во Заливот на Египет и Јордан. Во оваа група земји се и Емиратите, Кувајт, Катар, Бахреин, Оман и Саудиска Арабија. Кондолиза Рајс потоа патуваат за Саудиска Арабија каде главни теми се подршката на владата на Ирак и армиските договори за оружена подршка.

„Секретарот Рајс и Секреатрот Гејтс со саудјците и со другите ке разговараат за тоа како да и се помогне на ирачката влада.“

изјави портпаролот на Стејт Департментот Шон МекКормак. Според Белата Куќа пак воениот пакет со Сауидска Арабија е вреден 20 милијарди долари за следните 10 години. 13 милијарди ќе добие Египет и 30 милијарди Израел со цел да им се парира на Иран, Сирија, Ал Каеда и Хезболах. Според америкaнските медиуми станува збор за напрадна технологија, анти ракетни системи, анти воздушна одбрана и надградба на борбени авиони и бродови. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека предложениот мулти милијардерски воен пакет за Саудиска Арабија, Египет и Израел нема да го дестабилизира регионот. Ставот на Иран го искажа портпаролот на министерството за надворешни работи Мохамад Али Хусеини.

„Американците секогаш имаат една политика во овој регион а таа е креирање страв во земјите и обид да им се наштети на добрите односи меѓу нив. Целта е да им се продаде оружје на земјите од регионот.“

Меѓутоа некои американски демократи се противат на помошта за Саудиска Арабија, бидејки сметаат дека нејзината влада подржувала терористи. Имено американскиот амбасадор во Ирак Зелмај Кализад критикуваше некои ирачки соседи, мегу нив и Саудиска Aрабија за подршка на дестабилизирачки сили. Но од пријателите ке се бара повеќе, објаснува Шон МекКормак.

„Саудијците обезбедија извесна подршка за Ирачаните. Ние бараме повеќе. Барме ослободување од долгот и безбедносна асистенција. Ова е случај во кој се бара повеке од пријателите. И ние тоа го правиме сега во регионот со цел да им се помогне на ирачаните.“

Турнеата на американските секретари за надворешни работи и за одбрана Рајс и Гејтс доага во време на растечките повици во Соединетите Држави за повлекување на американските војници од Ирак.
XS
SM
MD
LG