Достапни линкови

logo-print

Долгите судски постапки дома причина правдата да се бара пред Европскиот суд


Бројот на граѓани од Западен Балкан кои ја бараат правдата пред Европскиот суд за човекови права, од година во година се зголемува. Во Србија годишниот просек изнесува 1500, во Хрватска преку 600, а во Босна и Херецеговина само минатата година пред Европскиот суд биле испратени 16 илјади жалби.

Додека од земјите од т.н. стара Европа пред судот во Стразбур доаѓаат предмети кои пред се се занимаваат со заштита на човековите права, како на пример правата на хомосексуалците, тужбите кои што до судот пристугнуваат од Балканот најчесто се од областа на имотните, воените или работните права. За разликата меѓу западноевроспките земји и оние од балканските простори говори и податокот за поднесени жалби, имено од Холандија годишно пред Европскиот суд се жалат 0,3 посто од граѓаните, додека од Босна и Херцеговина скоро 1 посто. До судот во Стразбур од Хрватска се испратени преку 600-тини тужби, а на прво место се жалбите за долготрајноста на судските процеси во Хрватска, потоа станарските предмети и жалби поднесени од штедачи во поранешните југословенски банки. Претставникот на Република Хрватска пред Европскиот суд за човекови права Стефица Стажник, вели дека хрватите својата држава најчесто ја тужат поради немањето на фер судење пред домашните судови:

„И тоа пред се за должината на постапката. Исто така, овде се појавуваат и барања за повреда на правото на пристап до судот, како и недостапност за одредени правни средства.“

вели Стажник. И Босна и Херцеговина има слични проблеми како и Хрватска, а на прво место се жалбите од измамени штедачи кои досега во судот во Стразбур упатиле 16 илјади тужби:

„Најголем проблем претставува кога судските одлуки, не се извршуваат. Тоа се тие оценки за владеење на правото што Босна и Херцеговина нередовно ги добива, токму поради тоа што самата држава не се придружува кон оние одлуки што самата ги донела, односно се донесени од некоја институциија во државата.“

истакнува Сенка Ножица, член на Хелшинскиот комитет и адвокат од Сараево. Од Србија пак, во просек годишно пред Европскиот суд пристигнуваат 1 500-тини тужби. На што најчесто се жалат граѓаните на Србија адвокатот Наталија Шолиќ вели:

„Сите постапки главно се подигнуваат поради должината на траење на постапките пред домашните судови и неможност за пристап до правдата.“

забележува Шолиќ.
XS
SM
MD
LG