Достапни линкови

Санкт Петерсбург: Пожар на еден од најголемите гасоводи во северозападна Русија


Еден од најголемите гасоводи во северозападна Русија денеска го зафати пожар откако претходно се слушнала силна експлозија, јавуваат агенциите. Детонацијата на гасоводот се случила недалеку во близина на електричната центрла во едно предградие на Санкт Петерсбург. Се уште нема информации за евентуални жртви. Очевидци наведуваат дека експлозијата била толку силна што се треселе станбените згради оддалечени пет километри. Ројтерс јави дека воздухот е исполнет со чад и оти тешко се дише и оти стотици лица ја напуштаат областа.
XS
SM
MD
LG