Достапни линкови

Посредничка тројка меѓу Белград и Приштина


Посредничка тројка меѓу Белград и Приштина. Ова, според некои сознанија, било разгледувано на вчерашниот состанок на Контакт групата во Виена. Таа би била составена од претставници на Соединетите Држави, Русија и Европската унија. Во меѓувреме, Вашингтон со порака дека доколку Косово не добие независност тоа би довело до нови насилства во регионот.

Дополнителна таканаречената шатл дипломатија, по се изгледа, ќе биде употребена и во изнаоѓањето решение за косовскиот проблем откако во минатата недела Русија го отфрли планот на посредникот Марти Ахтисари за надгледувана независност на Косово. Членките на Контакт групата кои вчера се состанаа во Виена, како што се дознава, се уште треба да утврдат кога би почнале и колку време би траеле овие преговори. Имено, додека Европската Унија се залага за рок од четири месеци, Русија се противи на секакво нивно временско ограничување. Руските медиуми јавуваат дека на состанокот во Виена била постигната согласност дека конечното решение за Косово треба да го донесе Советот за безбедност на Обединетите нации. ,,Повеќе ќе биде познато во наредниве денови или недели,, изјави во Вашингтон портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак оценувајќи дека Контакт групата е дел од постојната дипломатија која треба да доведе до крајното решение на косовското прашање, а тоа е независност.

„Постојат несогласувања од русите и од српската влада кои се противат на тоа. Се обидуваме да ги придобиеме, а сакаме да се обидеме да придобиеме и повеќе луѓе за сега понуденето решение. Би било оптимално кога би ја имале поддршката од сите, но не верувам дека до тоа ќе дојде.“

вели портпаролот Мекормак, кој и покрај тоа, најави дека Вашингтон ќе продолжи да вложува напори во решавањето на косовското прашање.

,,Ние веруваме, а тоа е верување и на повеќето, дека отсуството на крајно решение, независноста за Косово, би довело до насилство во регионот што нема да му одговара на никој, ниту на луѓето во регионот, ниту на Европа, ниту нам.,,

Изјави Мекормак, наведувајќи дека од американски интерес е Балканот да биде стабилен и ориентиран кон Европската Унија:

,,Постојат можности, но постојат и извесни услови што ги постави Европската Унија. Секако, ние не сакаме да се мешаме во тоа.,,

Оцени портпаролот на американскиот Стејт департмент Шон Мекормак.
XS
SM
MD
LG