Достапни линкови

logo-print

Виена: Заврши состанокот на Контакт групата за Косово


Синоќа заврши состанокот на Контакт групата за Косово на кој како што јавуваат агенциите се расправало за натамошните чекори во процесот за решавање на статусот на покраината, како и за формата за нови преговори меѓу Белград и Приштина. Состанокот на Контакт групата се одржа во Виена зад затворени врати . Членките на Контакт групата – Соединетите Држави, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и Италија - треба да дефинираат како ќе бидат организирани преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се основните поставки на тие преговори и кој ќе биде посредник.
XS
SM
MD
LG