Достапни линкови

Скопје: Поголемиот број пожари ставени под контрола


Поголемиот број пожари во земјава се ставени под контрола, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. Изгаснат е пожарот во Охридско, Битолско, Беровско, Гостиварско. Дирекцијата за заштита и спасување го активираше својот Главен штаб и постојниот состав на републичките сили за заштита и спасување на целата територија на државата со целокупната опрема со која располага. Заради сложеност на ситуацијата мобилизиран е и резервниот состав на републичките сили за заштита и спасување.
XS
SM
MD
LG