Достапни линкови

logo-print

Транспорт на ирански и туркменистански гас низ Турција, економски интерес или политичка игра?


Соединетите држави ја критикуваа Турција поради договорот со Иран за транспорт на ирански и туркменски гас во време кога сака да го изолира Иран поради контроверзната нукеалрна програма. Анкара соопшти дека си води сметка за сопствените интереси. Според Стратфор покрај енергетскиот интерес, сепак во заднина постои и поголема политичка игра.

Во прелиминарниот договор се вели дека Турција ке добива по 30 милијарди кубни метри гас годишно од Иран за домашна употреба но и за продажба во Западна Европа. Турција ке изгради два одвоени гасоводи до иранските и туркменистанските полиња. Заедно со третата мрежа до јужното Парс поле инвестицијата е вредна 3 ипол милијарди долари. Турксиот министер за нергија Хилми Ѓулер изјави дека сака и заеднилки потфат со Иран и Туркменистан на европскиот пазар. Овој договор предизвика реакција на Вашингтон кој сака меѓународно да го изолира Иран. Портпаролот на Стејт Департментот Шон Мек Кормак.

„Тоа е прашање кое зависи од турската влада дали ке прави бизнис со Иран во ова време. Ако ме прашате за нашиот став дали сега е вистинскиот момент за тоа одговорот е - не, ние не мислиме така.“

Во меѓувреме и Сенатот разгледува мерки за казна на компании кои би инветсирале над 20 милони долари во иранската индустрија за нафта и гас. Турскиот премиер Реџеп Ердоган остро му одговори на Мек Кормак, велејки дека иранската понуда е атрактивна и дека на Анкара не и треба дозвола за тоа. Политичкиот аналитичар Сеифи Ташан од Турскиот Институт за надворешна политика вели дека коментарот на Ердоган зборува дека Турција не е во позиција да игнорира каква било енергетска понуда.

„Енергијата е нешто многу важно за Турција, бвидејки немаме ресурси и зависиме од увозот. Мислам дека во моментов не сме во позиција да избираме од која земја ке се снабдуваме со енергија.“

Меѓутоа, целиот провблем има поголема геостратегиска заднина, верува американскиот Стратфор. Турција на границата со северен Ирак има 140 илјади војници и се готви за масивен напад против курдксите герилци на ПКК кои од ова подрачје дејствуваат во Турција. Анкара за теророт во Турција ја обвинува Курдкста работничка партија. Соединетите Држави пак ја предупредија Турција да не превзема прекугранични акции за да не ја комплицира политичката ситуација во Ирак. Стратфор верува дека тука во прашањето со ПКК лежи линкот за желбата на Турција за поблиски односи со Иран. Анкара, според Стратфор, всушност му праќа политичка порака на Вашингтон дека има повеке начини да се притиснат герилците на ПКК и дека Соединетите Држави мора со посилна рака да ги контролираат нивните актвности во северен Ирак.
XS
SM
MD
LG