Достапни линкови

Скопје: Македонија попладнево два часа без струја


Повеќе од два часа, речиси цела Македонија попладнево остана без струја. Енергетскиот систем падна околу 16 часот. Хаваријата започнала, откако паднал далноводот Благоевград Солун, преку кој Грција увезуваше хавариска струја. Истата струја, наместо преку далноводот, почнала да транзитира преку далноводот Ниш, Косово Поле, Дуброво во Македонија, па се до Солун. При транзитот, Грција одеднаш повлекла големо количество електрична енергија, што довело до пад на енергетскиот систем во Македонија. Ситуацијата на терен по 18 часот почна да се нормализира, но критични беа двата часа без струја. Поради прекинување на дотекот на струја не работеа семафорите, на раскрсницата кај Ново Лисиче се случи сообраќајна несреќа, четири лица се повредени, сите се хоспитализирани во Градската болница. Според сознанија од терен, поради прекинот на струјата засега не се случиле потешки сообраќајни несреќи, но сепак без струја останаа болниците, банките, бензинските пумпи, се блокираше и дел од мрежата на „Ти Мобајл“. Енергетскиот удар, освен во Македонија по домино ефект се одрази и во соседството. Без струја останаа делови од Србија, речиси цело Косово, Албанија и Бугарија.
XS
SM
MD
LG