Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Отфрлена апликацијата на Тајван за членство во ОН


Обединетите Нации ја отфрлија апликацијата на Тајван да стане членка на Светската организација. Тоа, како што се наведува, било сторено, бидејќи Обединетите Нации ја признаваат само владата во Пекинг. Обединетите Нации го исклучија Тајван од своите редови во илјада деветстотини седумдесет и првата година, а тоа место и беше препуштено на Кина. Тајван се одвои од Кина за време на граѓанската војна во илјада деветстотини четириесет и деветата година.
XS
SM
MD
LG