Достапни линкови

logo-print

Хила: Најмалку 26 загинати во напад на возач самоубиец


Најмалку дваесет и шест луѓе загинале, а над шеесет биле ранети во денешниот напад на возач самоубиец во центарот на ирачкиот град Хила, околу сто километри јужно од Багдад, соопшти ирачката полиција. Хила е населен претежно од шиити и се наоѓа во близина на древниот град Вавилон. Во тој регион, како што јавуваат агенциите, се случиле најсмртоносните напади со автомобили бомби. Последниот во март кога загинаа над сто и дваесет луѓе.
XS
SM
MD
LG