Достапни линкови

logo-print

Софија: Бугарските медицински сестри ослободени


Бугарските медицински сестри и палестинскиот лекар во Либија се ослободени и патуваат кон Бугарија со француски претседателски авион. Информацијата за нивното заминување од Триполи ја потврдија официјални извори од Софија и Париз. Петте бугарски медицински сестри и палестинскиот лекар беа во притвор во Либија скоро девет години. Тие беа обвинети и осудени на смртна казна поради намерно заразување на 439 деца со ХИВ вирус, од кои 56 се веќе починати.
XS
SM
MD
LG