Достапни линкови

Брисел: Состанок на советот за стабилизација и асоцијација Македонија - ЕУ


Четвртиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација(СА) меѓу Република Македонија и Европската унија(ЕУ) ќе се одржи денеска во Брисел. На состанокот на Советот за СА, како што е соопштено, ќе бидат презентирани постигнувањата на Република Македонија во процесот на пристапување во ЕУ, со посебен акцент на исполнувањето на политичките и економските критериуми, спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и финансиската соработка.
XS
SM
MD
LG