Достапни линкови

Сопружниците да сфатат - несреќата нужно зло во бракот, сметаат експертите


Дијана Гајхарт професор на Калифорнискиот Универзитет –Фресно, верува дека разводите меѓу брачните двојки понекогаш се случуваат поради тоа што луѓето прават грешка меѓу моменталната несреќа и трајната некомпатибилност. Гајхарт вели дека ,,клучот,, за среќен брак може да биде доколку се прифати оти понекогаш несреќата е нужно зло во бракот.

Експертот за брачен живот Дијана Гајхарт верува дека волшебните приказни и модерните љубовни стории креираат верување дека двајца луѓе можат да имаа перфектни релации. Но, митот, вели таа, може сериозно да им наштети на луѓето убедувајќи ги дека нивната врска е неуспешна кога ќе се појават неизбежните проблеми:

„Има фаза на ,,меден месец,, која сите двојки ја чувствуваат во првата и втората година. Но, потоа кога тоа ќе избледе и кога ќе настапи дневната рутина, одеднаш сите чувствуваат дека направиле нешто многу, многу погрешно и си велат: ,,Направив грешка,,. Ова е дел од нормалниот развој на еден брак,,.

Истражувањата исто така покажуваат дека во 69 насто од случаите, луѓето се расправаат за истите нерешени проблеми, коишто често ги инволвираат личните карактеристики на сопружниците. На пример, еден од сопружниците се противи на нефлексибилноста на брачниот партнер.

Според Гајхарт, сопружниците треба да прифатат некои лични карактеристики на партнерот и да се откажат од очекувањата дека нешто ќе се промени. Парадокасално, но токму прифаќањето некогаш води кон промена:

„Кога нашиот партнер се труди да не присили на промена, повеќето од нас се противиме. А, ако успеете да дојдете до фазата кога мислите - ова е мојот партнер и можам да ги прифатам работите што ги прави, партнерот не се чувствува присилен и може да се промени по своја волја.“

вели Гајхарт која додава дека со прифаќањето на неизбежните тешки периоди во бракот и исто така развивањето на комуникативната стратегија може да им помогне на брачните двојки да ги надминат тешките периоди во бракот.
XS
SM
MD
LG