Достапни линкови

Вината и во сопствените редови, но и кај надлежните институции


Невладините еколошки организации во земјава признаваат дека нивната улога во општеството е занемарена. Претставници од неколку еколошки организации во земјава се жалат на пасивниот однос на надлежните институции кон нив. Сами обезбедуваме финансиски средства за сите проекти за заштита на животната средина, постојано организираме кампањи за подигнување на еколошката свест кај граѓаните, но се уште се соочуваме со недоверба за нашата работа и кај институциите и кај граѓаните велат од некои еколошки организации:

„Сме спремни да работиме на ова поле. Го имаме потребниот капацитет, го имаме искуството. Во овој момент со соработка со надлежните институции, со локалната самоуправа, со министерствата, можеме навистина многу да направиме заеднички, но мора да се разбере моментот дека невладината организација неможе да функционира без финансиски средства.“

посочува Руска Мицева, потпретседател на Движењето на екологисти во Македонија. Јован Мазгански, член на невладината ЕКО-МИСИЈА, вели дека за незначителното влијание на еколошките организации во општеството, вина имаат и самите организации:

„Не треба да бидеме егоисти дека и кај нас има проблеми во невладиниот сектро. Посебно од екологистите, многу малку се организирани инаку и некој ако најде некое ,,гранче,, некаде се задоволува со некоја ситна работа.“

Иако во западните земји невладиниот сектор е движечка сила во општеството, кај нас се уште во почетна фаза на својот развој. Ако во други земји претставници на невладините организации се вклучени во донесувањето на законска регулатива, планови и национални стратегии, во Македонија воопшто не се ни размислува за ваква иницијатива, бели Марија Јанковска од здружението за граѓани Ево-свест:

„Значи ние сеуште мораме институциите постојано да ги потсетуваме, да ги прашуваме дали ќе ги вклучат невладините организации. Значи сеуште кај нив ја нема таа свест самостојно да се јават кај невладините организации и да ги побараат за вклучување во одредени планови, а ова се едни од главните обврски за приближување кон ЕУ.“

Претставниците на еколошките организации велат дека посебен проблем во нивното работење е обезбедувањето на финансиски средства за спроведување на проектите и оти во повеќето случаи финансиите се обезбедуваат преку странски донации, а само мал дел од буџетот на државава.
XS
SM
MD
LG