Достапни линкови

Кабул: 23-цата јужнокорејци се во добра здравствена состојба


Дваесет и тројцата јужнокорејски заложници се во добра здравствена состојба, а секоја употреба на сила за нивно ослободување ќе им ги загрози животите. Ова денеска го изјави портпаролот на талибанците во Авганистан Кари Мохамед Јусуф. Талибанците го поместија крајниот рок за нивно ослободување за денеска. Талибанците бараат јужнокорејската влада да ги повлече своите луѓе од Авганистан и ослободување на заробените талибанци во земјата.
XS
SM
MD
LG