Достапни линкови

logo-print

Кабул: Почина поранешниот авганистански крал Мохамед Захир Шах


Поранешниот авганистанки крал Мохамед Захир Шах почина денеска во Кабул на деведесет и две годишна возраст, соопштија извори блиски на кралското семејство. Захир Шах стана крал на Авганистан во илјада деветстотини триесет и третата година откако беше убиен неговиот татко. Тој беше соборен од престолот четириесет гиодини подоцна по што до две илјади и втората живееше во егзил во Италија. Времето на неговото владеење се смета за еден од најмирните периоди во авганистанската историја.
XS
SM
MD
LG