Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Косовска делегација на средба со Кондолиза Рајс


Официјални претставници на Косово, предводени од премиерот Агим Чеку денеска во Вашингтон ќе разговараат со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс за иднината на Косово. До ова доаѓа само неколку дена откако Соединетите Држави и Европслата Унија решија косовското прашање од Обединетите Нации да го префрлат во Контакт групата. Во Белград е најавено дека и шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ в четврток во Вашингтон ќе се состане со Кондолиза Рајс. Инаку, за Косово денеска во Брисел ќе разговараат и министрите за надворешни работи на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG