Достапни линкови

Дел од Охридското езеро не се препорачува за капење


Водата во крајбрежниот појас на Охридското Езеро во 80 насто е со квалитет од прва категорија, а 18 насто од испитаните примероци се од втора категорија. Последните анализи покажуваат 1,8 насто вода од трета, односно четврта категорија. Во стариот дел на градот, кај црквата Света Софија, населбата Канео и познатите црни еко точки, кај сливовите на реките во Охридското Езеро.

„Тоа се реките кои се влеваат во Охридското Езеро, четирите реки, но секако и сите оние угостителски објекти, домаќинства и куќи кои не се приклучени на колекторскиот систем. Тоа е делот на плажата Лагадин до Свети Наум, делови кај Света Софија и делови кај Канео. Тие точки претставуваат опасност за езерскиот еко систем,“

вели Сашо Точков од заводот за здравствена заштита во Охрид.

Експертите потенцијална опасност за квалитетот на водата во Охридското Езеро летово гледаат во атрактивните сплавови што летово во водата ги ставија новите закупувачи на плажите, како хит на сезоната:

„Платформите што се поставуваат претставуваат нарушување на еко средината, на пример, делови од езерото, поради нив сега ќе бидат под сенка, а до сега биле на сонце. Таму се развиваат одредени микро организми. Сепак, крајбрежјето нема целсно да биде под платформа, но ќе видиме како ќе биде на некои места.“
XS
SM
MD
LG