Достапни линкови

logo-print

Анкара: На предвремените избори се очекува победа на владеачката партија


Повеќе од 42 милиони граѓани со право на глас денеска во Турција гласаат на предвремените парламентарни избори. Според анкетите се очекува најмногу гласови да освои происламистичката владеачката партија на правдата и развојот. Предвремените избори ги распиша премиерот Реџеп Таип Ердоган за излез на земјата од политичката криза откако парламентот не успеа да го избере Абдула Ѓул за претседател на земјата. На неговата кандидатура се противеше секуларната опозиција која ја обвинува владеачката Партија на правдата и развојот дека сака да ја исламизира земјата, поради што во земјата беа одржани и серија масовни демонстрации. Првичните резулатите од изборите се очекуваат подоцна во текот на денов.
XS
SM
MD
LG