Достапни линкови

Скопје: Сеуште беснеат пожарите


Сите екипи и сите средства што државата ги има се ставаат на располагање за гаснење на пожарите, изјави премиерот Никола Груевски. Како што се јавува состојбата сеуште е активен пожарот во Катланово, потоа пожарите кај Матка, во Кумановско, Крушево, а нов пожар има и во близина на селото Еребино во Тетовско. Во гаснењето на пожарите на некои места освен протипожарните екипи, вклучени се и припадници на армијата, се користи авијација, а учествува и месното население. Поради високите температури на Балканот, пожари се регистрирани и во Бугарија, Србија и Хрватска.
XS
SM
MD
LG