Достапни линкови

Кабул: Демантирано дека почнала операција за спасување на 23-цата јужнокорејски заложници


Авганистанското министерство за одбрана го демантираше соопштението од утринава дека е започната операција за спасување на 23 лица од Јужна Кореа кои што талибанските бунтовници ги држат во заложништво. Портпаролот на министерството Захир Мурад изјави дека ,,операцијата сеуште не е почната и оти најверојатно станува збор за компјутерска грешка.“ Талибанските бунтовници соопштија дека ќе ги убијат заложниците доколку Јужна Кореа денеска не се согласи да го повлече својот персонал од Авганистан. Инаку денеска како што јавуваат агенциите, претставници во Сеул соопштиле дека Јужна Кореа ги почнала подготовките за повлекување на своите војници од Авганистан до крајот на годинава, како што претходно беше предвидено.
XS
SM
MD
LG